вторник, 22 октомври 2024

Врховниот суд на САД едногласно пресуди да се задржи пристапот до пилулата за прекин на бременоста

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави едногласно пресуди да се зачува пристапот до пилулата за абортус мифепристон, која е најчесто користена како начин за прекин на бременоста во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пилулата е употребена во речиси две третини од сите абортуси во САД минатата година.

Пресудата на Врховниот суд на САД е прва поврзана со абортусот откако конзервативните судии на тој суд пред две години ја поништија пресудата Ро против Вејд, со која на жените им се даваше уставно право на абортус.

При одобрувањето на пристапот до пилулата судиите на врховниот суд пресудија дека противниците на абортусот немаат право да поднесат тужба поврзана за одобрувањето за употреба кое Сојузната управа за храна и лекови (ФДА) му го дала на тој лек и против подоцнежните дејствувања на Управата да го олесни пристапот до пилулата.

Овој случај се закануваше да го ограничи пристапот до мифепристон низ земјата, вклучувајќи ги сојузните држави на САД каде абортусот останува легален.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ