вторник, 23 јули 2024
Први турбуленции во Владата

Вреди за МКД.мк: Максим Димитриевски да не ги оспорува симболите на албанскиот идентитет

По изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски дека партијата ќе ја напушти Владата доколку министрите од Вреди повторно се појават со албанско знаме пред нив, од коалицијата Вреди за МКД.мк велат дека Димитриевски заборава дека предизборната кампања е минато и му порачуваат: „Не ја оспорувај употребата на симболите на албанскиот идентитет, како што не сакаш да бидат оспорувани симболите на македонскиот идентитет“.

Објавено на

часот

Сподели

„Предизборната кампања одамна заврши затоа сметаме дека ваквата реторика никому не оди во прилог. Подобро ќе беше претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред да одлучи да коментира јавно, преку медиуми, да се информира што е целта на средбата на првиот вицепремиер Изет Меџити со министрите на Вреди. Сметаме дека е таков ‘куќниот ред’ во една заедничка Влада.

Не гледаме ништо спорно во редовна координација на нашите министри заради обезбедување на ефикасност во спроведувањето на програмските заложби. Еве може да ги поканиме и министрите на ЗНАМ на следната координација, за да се уверат во ова што го говориме.

Што се однесува до албанското знаме, имаме само една порака, не ја оспорувај употребата на симболите на албанскиот идентитет, како што не сакаш да бидат оспорувани симболите на македонскиот идентитет. Впрочем, заложбите за меѓусебно разбирање и соживот со Албанците не смеат да важат само за време на кампањите за локални избори“, се вели во изјавата од коалицијата Вреди за МКД.мк.

Реакцијата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се однесуваше на првиот координативен состанок на министрите од Вреди во кабинетот на првиот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити, а на заедничката маса беа поставени македонското, албанското и знамето на ЕУ.

Од Вреди тогаш најавија дека со цел посупешна и поефикасна работа на Вреди во Владата, ќе продолжи координацијата на министрите од редот на таа коалиција.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ