сабота, 13 јули 2024

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако повторно министрите од Вреди истакнат албанско знаме

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се закани со излегување на неговата партија од Владата доколку повторно министрите од коалицискиот партнер Вреди истакнат албанско знаме во владините простории.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски реагира на првата координативна средба на министрите од Вреди во кабинетот на вицепремиерот Изет Меџити, која беше објавена со соопштение и со фотографии.

„Ова е само тој ДУИ-наратив кој што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос и непочитување нема да бидеме дел од Владата и ќе излеземе“, рече Димитриевски во гостување на Канал 5.

На фотографиите се гледа дека се поставени три знаменца – македонското, албанското и знамето на ЕУ.

Нешто што не е невообичаено и во минатото кога станува збор за кабинети на министри Aлбанци.

Инаку, ЗНАМ во владејачкото мнозинство во Собранието на Македонија има шест пратеници, а во Владата двајца министри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ