„Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги доделија на српски, црногорски и на други фирми. Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште“, рече Меџити.
Во соопштението на коалицијата Вреди пак, се наведува:
„Во првите 80 дена од формирањето на владино мнозинство, предложивме и усвоивме Автентично толкување на законот за игри на среќа со што се создадоа правни предуслови за одлуката на Владата за затворање на пет компании и отстранување на коцката од домовите на граѓаните.
Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите.
Претходно, Владата донесе одлука за раскинување на коруптивниот договор за закуп на Државна лотарија со фирмата ХЕЈ ДООЕЛ, чиј објект во Визбегово е сопственост на лица кои се поврзуваат со Али Ахмети. Сега има доволно исполнети правни околности да се премине кон институционална одговорност за сите коруптивни коцкарски зделки на ова раководство на ДУИ.
Вреди продолжува да го спроведува планот за справување со штетните последици од коцкањето. Во фаза на изработка е нов Закон за игри на среќа кои ќе содржи далеку построги одредби, кои во прва фаза ќе го намалат постоечкиот број на коцкарници, минимум за половина. Продолжуваме и понатаму посветено да работиме исклучиво во интерес на граѓаните“.