недела, 24 ноември 2024

Вреди: Синоним за мувлата на ДУИ е срамната спогодба на Иџет Мемети со “абазиското обвинителство”

Синоним за мувлата на ДУИ е срамната спогодба на Иџет Мемети со “абазиското обвинителство”, реагира денеска коалицијата Вреди објаснувајќи го вчерашното соопштение нагласувајќи дека мувла се партиските војници на ДУИ во администрацијата на државата, а не вработените Албанци. Во контекст на „мувлата“ Вреди ги споменува и Рамиз Мерко, односот кон случајот со Блерим Рамадани и соопштението на ДУИ за оградување од ЗЕЛС.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата Влада само за да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот, велат од Вреди.

„Мувлата на ДУИ не се достоинствените и чесните Албанци во администрацијата, туку нивните заслепени партиски војници на кои поважно им е криминализираното раководство во Мала Речица отколку правдата и функционирањето на системот.

Синоним за мувлата на ДУИ е срамната спогодба на Иџет Мемети со “абазиското обвинителство” за да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари.

Синоним за мувлата на ДУИ е да издејствуваш три правни акти за да го принудиш правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на УЧК во Србија, пред да се изјасни Врховниот суд, само за да предизвикаш тензии и да ја обвиниш Вреди.

Синоним за мувлата на ДУИ е да најавуваш дека ќе го напуштиш ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да немаш доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД.

Ова деструктивно однесување на ДУИ е препознаено од мнозинството Албанци и ќе биде жестоко казнето“, пишува во реакцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ