недела, 24 ноември 2024

Вреди: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е дел од сценариото за меѓуетнички проблеми

Коалицијата Вреди остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н. балансер. Оваа одлука е инспирирана од очигледната потребата на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата, соопшти Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да укажеме на јавноста дека сите судии, без исклучок или било каква припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние кои денес поведоа постапка против т.н. балансер. Вреди веќе работи на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, но на адекватен систематизиран и кодифициран начин. Вреди ќе го реши овој проблем со нов закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република Северна Македонија и тој не може да биде оспорен и поништен дури ни од страна на Уставниот суд.
Дополнително, во десетици и десетици, можеби и стотоици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците. Денешната одлука нема да смени ништо за правата на Албаницте, ама ја покажува лошата намера на оние кои ги избраа овие судии во Уставниот суд. ДУИ не ги решааваше проблемите на Албанците, немаа време, беа посветени на своите бизниси, тендери, коцкарници, трговски центри, градежни фирми. ДУИ правеа криминал“, реагира Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ