недела, 24 ноември 2024

Вреди: Ќе се справиме со криминалите на ДУИ и Државна лотарија и коцкањето ќе го отстраниме од домовите

Коалицијата Вреди преку соопштение упати порака до ДУИ дека инструментот во Собранието на Македонија автентично толкување е само првиот чекот по кој ќе се справат со криминалите на претходната влада и на Државната лотарија. „Ние сме посветени коцкањето да го отстраниме од нашите домови“, порачаа од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Од Вреди велат дека Европскиот фронт предводен од ДУИ, наместо да упати извинување до граѓаните „бидејќи се фатени 100:0 во криминал со интернет
коцкарници“, се обидуваат со пропаднати предлог – законски решенија да го покријат
барањето за автентично толкување поднесено од коалицијата Вреди.

„Граѓаните се свесни за дволичноста на лажните моралисти, кои немаат храброст да го осудат последниот мега-скандал – апсењето на Сафет Мифтари, нивен кадар од Боговиње, фатен на дело како нелегално организира онлајн игри на среќа. Тие што ја промовираа културата на коцкање во секој агол на нашето општество, сега се обидуваат да го тргнат фокусот од своите внатрешни скандали. Ова е нивното вистинско лице. Тие што ја посадија семката на коцкањето во нашите домови, сега се обидуваат да го дефокусираат јавното мислење преку нивните контролирани мегафони. Европскиот фронт не ја поддржа нашата иницијатива за автентично толкување на законот за игрите на среќа, бидејќи тоа директно би ги нарушило нивните криминални интереси. Апсењето на Сафет Мифтари е јасен доказ за нивната вмешаност во овие нелегални активности“, наведуваат од Вреди во соопштението.

Од коалицијата додаваат дека Вреди, како што е нагласено, е единствената политичка сила која е посветена на целосно отстранување на коцкањето од нашите домови, додека ДУИ и нејзините сателити, пишува во соопштението, преку нивното 22-годишно владеење, создадоа правни сопки кои го оневозможуваат тоа.

„Нивни највисоки партиски кадри се главните одговорни за инсталирањето на оваа болест која ги уништува нашите семејства. Вреди има јасен план, а автентичното толкување е само првиот чекор. Потоа, ќе се справиме со криминалот создаден од поранешната влада и Државната лотарија. Во разумен рок ќе предложиме нов закон кој ќе го намали бројот на казина најмалку за половина“, се порачува на крајот од соопштението на коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ