недела, 24 ноември 2024

Вреди: Гаши уредно ја мина границата, за разлика од Заев и Филипче кои возеа мотори во странство со обезбедувањето

Заев и Филипче возеа мотори во странство придружувани од обезбедувањето, но СДСМ не реагираше тогаш, а реагира сега за претседателот на Собранието Гаши кој уредно ја мина границата, реагира преку соопштение коалицијата Вреди реагира на прес-конференцијата на СДСМ на која беше речено дека скандалот е многу поголем зашто, според тврдењето на партијата, Гаши, обезбедувањето и приватните возила од свадбарската колона без никаква контрола на ја минале границата кон Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса. Претседателот на Собранието, Африм Гаши не може да биде виновен што граѓаните сурово ги казнија. Изгледа таквата порака не им е доволна, штом продолжуваат да манифестираат врвно лицемерие. Пред да одржуваат прес конференции чија единствена цел е обид за отргнување на вниманието од нивните внатрепартиски проблеми, го повикуваме СДСМ да одговори, зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче возеа мотори, надвор од границите на Северна Македонија, во придружба на државно обезбедување?

Дали тогаш тоа беше за нив етички и безбедносен протокол согласно законот или скандалозно однесување, како што сега тврдат? Африм Гаши со своето семејство уредно ја поминал границата и тој никогаш не поминувал ниту еден граничен премин пешки, како некој други!“, се вели во реакцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ