среда, 23 октомври 2024

Вреди формира тело за координација со цел да прерасне во регионално политичко движење

Наша цел е Вреди да прерасне во регионално политичко движење кое фокусирано ќе ги адресира потребите на Албанците преку спроведување на реал политички чекори, соопшти коалицијата за време на денешниот состанок на новото Политичкото координативно тело на Вреди формирано од девет претставници на коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова извршно тело е резултат на силната политичка волја меѓу лидерите на партиите кои се дел од коалицијата Вреди за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување. 

Ние ги слушаме барањата и очекувањата на гласачите. Нивната волја е Вреди да стане симбол за сенародното обединување на Албанците. Затоа, најавуваме дека следен чекор е промоција на коалиционата Комисија за прашања на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките, потоа заедничка веб страница, коалициони канали за комуникација на новите медиуми, заеднички Центар за комуникации со јавноста и назначување на портпарол на коалицијата.

Вреди прераснува во политички бренд кој работи исклучиво во интерес на обезбедување на сигурна иднина за Албанците. Овој процес е тргнат и нема застанување. Наша цел е Вреди да прерасне во регионално политичко движење кое фокусирано ќе ги адресира потребите на Албанците преку спроведување на реал политички чекори“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди во кое се пренесуваат дел од изјавите на лидерите на оваа коалиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ