недела, 24 ноември 2024

Вреди: ДУИ ја разбираше политиката за лично фамилијарно богатење

Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма
на пратеникот Елми Азири ги добила од Државна Лотарија. Денес продолжуваме со нови скандалозни информации кои дополнително ќе потврдат дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание, изјави Бујаре Абази од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Во мрежата на главниот извршител Артан Груби се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење. Фирмата Ритрон копи ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети.
Овие тендери се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2,8 милиони денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери.
Без да навлегуваме во професионалноста на деловното работење на фирмата Ритрон копи ДООЕЛ увоз-извоз, не може да сметаме дека е случаен избор на Прпарим Бајрами и Артан Груби, токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири да има најповолни понуди за да ги добива тендерите. Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста.
Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта. Утре продолжуваме“, изјави Абази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ