понеделник, 24 февруари 2025

Вреди: ДУИ да почне со ветингот од Али Ахмети, Муса Џафери, Бујар Османи…

На ДУИ конечно им текна дека треба да се чистат самите себе од криминал. Конечно погодија каде е криминалот, се вели во реакцијата на коалицијата Вреди кои предлагаат ветингот да почне од лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот внук Дрин, од пријателот на Сашо Мијалков – Муса Џафери, од Бујар Османи, другарот на Артан Груби…

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ, партијата што дваесет години ги третираа Албанците како основа само и единствено како основа за фамилијарна фирма и бизнис, деновиве најавува „ветинг“ – прочистување на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се чистат самите од себе.

Но, ако навистина се сериозни, нека почнат од својот лидер – Али Ахмети! Како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, без да вложи ни денар, стана косопственик на трговскиот центар Соравиа во Скопје, објект вреден 30 милиони евра? Ако овој ветинг е вистински, објавете ги договорите, финансиите и банките што го финансирале ова ‘чудо’. Како фирмата „Тор Индустриес“ на Дрин Ахмети добива милионски договори како подизведувач на Коридорот 8 и патот Кичево-Дебар? Колку од тие милиони се враќаат во партиските џебови?
Како Бесиан Ахмети, друг внук на Али Ахмети, со само 10 месеци искуство доби висока дипломатска функција во Брисел? Па не сме знаеле дека талентот за дипломатија е наследен по крвна линија! ДУИ нека објави колку пари има на сметка Али Ахмети, неговото семејство и сите негови блиски соработници.

Време е за ветинг на Муса Џафери – човекот сенка на Али Ахмети, најдобриот пријател на Сашо Мијалков! Време е да се отвори темата за Муса Џафери, еден од клучните луѓе на Али Ахмети, кој со години беше највлијателната фигура во сенка. Човекот што ги договараше сите најважни ‘зделки’, човекот што ги влечеше конците зад политичката сцена и најдобриот сојузник на Сашо Мијалков. Како се отпишуваат долгови од милиони евра за фирмите блиски до Муса Џафери? Како е возможно судовите во Америка да досудат корупција за давањето мито на високи функционери на ДУИ во Македонија, а судовите во Македонија да останат неми?

ДУИ веќе 20 години ја контролира политичката и економската моќ на Албанците во Македонија. Нивните луѓе од сенка како Муса Џафери никогаш не биле ставени на тест на правдата. Доста е!

ДУИ, при ветингот, нека провери кој го спаси Бујар Османи од судска разрешница.
Како предметот кој го покрена СЈО против Османи мистериозно заврши без судска постапка? Кои се тие што го штитеа и зошто институциите молчат? Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата? На кого му должи Бујар за својата слобода, тоа треба да одговори ДУИ.

ДУИ, при ветингот, нека провери како Бујар Османи се снаоѓа со својот непотизам.
Во Министерството за надворешни работи кадрите не се избираа според професионални критериуми, туку според лични врски со Бујар Османи и неговиот другар Артан Груби. Вработени се пријатели, роднини и другари, а не стручните и квалификуваните кадри. ДУИ, при ветингот, нека ги провери и тендерите за партиските фирми кои ги доделуваше Бујар Османи.
Министерството за надворешни работи беше претворено во коруптивен центар при што доделени се милионски тендери на фирми блиски до ДУИ. Фирмите на неговите партиски колеги добиваа тендери со милионски суми за настани кои траеа само ден или два. Добро е ДУИ да пронајде каде завршуваа тие пари.

Бујар Османи беше преносникот на пораки помеѓу Скопје и Будимпешта, носејќи тајни договори за враќањето на Никола Груевски. Нека провери ДУИ какви политики застапуваше Бујар Османи, за себе, за своите поранешни коалициони партнери или за Албанците кои ги заборави. Добро е да знаеме дали Бујар Османи беше само извршител на политичкото самоубиство на ДУИ во сценарио на Артан Груби.

ДУИ ако навистина сака прочистување, нека не глуми дека ќе чисти ситни риби по своите ограноци. Нека почне од своите најголеми коруптивни фигури! Народот не верува во ваши лажни ветувања. Време е за нови лица и лица без коруптивно наследство“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ