сабота, 15 март 2025

На рускиот конзулат во Франција фрлени молотови коктели (ВИДЕО)

На рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил извршен напад со молотови коктели, а нема информации за жртви, јавува Анадолу.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави БФМТВ.

Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.

Рускиот конзулат, сместен меѓу неколку дипломатски претставништва, беше цел на напад рано утрово. Во тек е истрага за мотивите за нападот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија во рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.

Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ