недела, 23 март 2025

Ивановски: Да ги поврземе и со железнички сообраќај коридорите 8 и10д

За жал за осум месеци не се стига сѐ што осум години било во тотален заборав, во тотален застој. Но, нем оправдување, туку треба да се фатиме за работа. Веќе од оваа година пругата ќе биде повторно операбилна до целосна проектирана состојба, изјав Синиша Ивановски, директорот на ЈП Железници инфраструктура на Македонија за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека ситуацијата во железничкиот сообраќај е ваква каква што е, само поради незаинтересираноста и немањето квалитетен кадар.

„Погрешни кадри, немотивирани за работа, инспирирани од некои други дејства, а не од општо добри дејства. Такви директори, таков министер имале за кои железницата не им била во видокруг. Тотално заборавена и демотивирана и затоа ние после години и години немавме и меѓународна линија’’, истакна Ивановски и продолжи. „Добар дел од возовите не биле во функција затоа што немале тркала. Толку звучи смешно, толку звучи несериозно’’, потенцираше Ивановски и дополни дека ова се случувало затоа што немало кој да направи јавна набавка за купување на тркала.

Тој најави дека целта и визиите на Владата за железничкиот сообраќај е да се поврземе со Солун и Белград, односно поврзување на коридорите 8 и 10д.

„Да бидеме поврзани со регионот, за неполни 8 години да имаме брз воз, патнички од 200 километри на час, а товарен со 120. За јавноста патничкиот е поинтересен. Да ве седнеме во Скопје во воз и за неполни 2 часа да бидете во Солун, да бидеме за 2 часа и нешто во Белград, притоа доста е поекономичен транспортот, доста побезбеден и многу поеколошки’’, заклучи Ивановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ