МКД.мк вчера објави дека албанскиот државјанин Изет Шулку со своите пријатели од врвот на Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.
Министерството за внатрешни работи вчера го провери идентитетот на сторителот што го отстрани македонското знаме од јарболот на Кораб и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземените мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал, утврдено е дека се работи за лице што не е државјанин на РСМ“, соопшти МВР.
View this post on Instagram