недела, 9 февруари 2025

Теодор Јовевски го фати крстот на Богојавление во Скопје

Теодор Јовевски прв стигна до светиот крст што владиката Јосиф го положи во реката Вардар во Скопје. Епископот Јосиф годинава првпат ја водеше централната манифестација на православниот празник Богојавление – Водици во главниот град, менувајќи го архиепископот г.г. Стефан, кој беше во Охрид и во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје за фаќање на светиот крст беа пријавени 220 граѓани, а на кејот на Вардар имаше голем број верници кои присуствуваа на свеченоста.

Пред да го положи крстот во Вардар, владиката Јосиф чиноначалствуваше со литургијата во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. По завршување на литургијата, владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“, каде што почна „Водосветот“.

Откако го фати крстот, Јовевски рече дека ова му било првпат и оти се надева дека ќе му донесе среќа, а на другите верници им порача да веруваат во Бога, а на смеа се заблагодари и на другари за кои, како што рече го потстрижале кратко за да може да биде брз.

На свеченоста во Скопје, владиката Јосиф беше придружуван од заменик-претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски, од министерот за локална самоуправа Златко Перински и од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ