петок, 7 февруари 2025
Јове Кекеновски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Кaлешиот Костадин Костадинов – самонаречен „Татко на нацијата“

Надворешнополитичките амбиции на претседателот на САД и неговите јавни изјави околу Гренланд, Панамскиот канал и Канада за жал ги мотивираа и охрабрија маргиналните политичари меѓу кои и калешиот Костадин Костадинов, претседателот на крајно десничарската бугарска партија Преродба, јавно и гласно да го сонуваат сонот на бугарски шовинисти за припојување на Република Македонија кон Бугарија.

Не ми е јасно до кога разумните Бугари и ЕУ ќе толерираат ваква малоумна агресивност на бугарски политичар и циркузант.

Оваа калеш копија никако да разбере дека:

Прво: Со емитиција и преземање на други идеи не се станува интересен и дека секоја идеја во позадина треба да има одредена историска, економска или друга основа.

Второ: Која е основата кога овој циркузант тврди дека тој (по чувство Бугарин – иако јас повеќе верувам дека тој е македонски јаничар, црномурна копија на Каракачанов) и ние Македонците имаме заедничко потекло со Бугарите ако научно е докажано дека Бугарите се генетски најблиски до татарскиот народ кој заедно со Хан Аспарух дошол на денешната бугарска територија? Да бидеме на чисто и да ни биде јасно. Се работи за научно докажано истражување на Академик Ангел Голубов од Бугарската академија на науките и Десислава Нешева од катедрата за Генетика на медицинскиот факултет во Софија кои јавно тврдат дека кај денешните Бугари преовладува генот на татарскиот Хан Аспарух – западно азиско потекло.

Генетски, Бугарите се најблиску до Маџарите (Унгарците).

Трето: како е можно да сме исти кога имаме толку многу разлики и спротивности во историјата. Не би сакал да ги набројувам сите разлики помеѓу нив и нас бидејќи со ваквите контрапродуктивни агресивни политички циркузанти воопшто не треба да се комуницира и да им се придава дополнително внимание.

Четврто: Дали вреди и понатаму да му се придава дополнително внимание проценете сами имајќи предвид дека тој постојано изјавува и промовира „насилни изливи на љубов“ кон Русија и поради тоа во Бугарија го добил прекарот„Коста Копејкин“ (по херојот на Гогољ, капетанот Копејкин, кој е познат и како „рускиот Робин Худ“).

И на крајот освен циркузирање што друго можете да очекувате од човек кој сам себеси си го дал претенциозниот прекар – „Татко на нацијата“.

Проф. д-р Јове Кекеновски

КОЛУМНИ

Марјан Бојаџиев

Дали ако е лошо времето ќе го бојкотираме УХМР? (2)

Соња Стојадиновиќ

Светот може без САД, прашање е колку САД може без светот

Клементина Брзаковска

Судовите – фабрика за неказнивост, кога правдата станува привилегија

Мајкл Спенс

Што е проблемот со германската економија?

Бојан Лазаревски

Последиците од аерозагадувањето се со пандемиски размери

Марјан Бојаџиев

Бојкот на трговијата е како да ја блокираме УХМР поради лошото...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ