сабота, 19 октомври 2024

Вработените во скопската зоолошка градина бараат најстроги казни за трујачите на трите коња

Објавено на

часот

Сподели

„За да се отрујат коњите на таков начин, не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа (вработени кои би изгинале попрво за животните). Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите нас што ги сакаме животните, на сметка на тие што земале плата, а мразеле животни… Верувам истрагата ќе покаже се и ќе се докаже кој стои зад ова монструозно дело“, напиша Мицковска.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за веќе добиените пријави. Се уште не се знае дали камерите во скопската Зоолошка градина работат камерите поставени за видео надзор. Десет дена по инцидентот камерите се уште не се прегледани. 

МВР соопшти дека полициски службеници од ЕВР Карпош во координација со ОЈО Скопје преземаат мерки и активности по претходно добиени пријави за угинати коњи во ЈУ Зоолошка Градина Скопје, за што активно се работи за целосно расчистување на настанот.

Професорот Трпе Ристоски кој ги правел анализите за Канал 5 објаснува дека коњите биле негативни на анализите за вирусни болести и бактерии, а отровот предизвикал оштетување на белите дробови, како и бубрезите и цревата. Ристовски и ги отфрла шпекулациите во јавноста дека изворот на труењето може да биде и самата храна која им се служела доколку не била соодветно чувана.

Трите коњи во скопската Зоолошка градина починаа за два дена, а беа од редок и скап вид со потекло од Монголија. 

Во мај годинава во скопската зоолошка градина укина жирафата Каспер , а освен салмонела во желудникот, црниот дроб и слезината, пронајдени беа и паразити во цревата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ