вторник, 22 октомври 2024

Вработени во општина Бутел му се заканувале на шефот, полицијата веднаш ги приведе

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против двајца вработени во скопската општина Бутел бидејќи се осомничени дека преку СМС пораки му се заканувале на нивниот шеф. Покрај пријавата, МВР ги приведе двајцата осомничени.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, раководителот на кој му се заканувале, заканите ги пријавил во полициската станица во Чаир на 13 јули и посочил дека од вработените А. Е и Б.Р добил СМС пораки со заканувачка содржина.

„Во врска со пријавеното кривично дело загрозување на сигурноста, на 13 јули во полициска станица од општа надлежност – Чаир полициските службеници од одделението за насилен криминал превзедоа мерки и активности, при што се обезбедени лицата А.Е и Б.Р, обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор“, велат од МВР.

Во консултација со ОЈО Скопје против истите ќе се поднесе кривична пријава по редовна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ