вторник, 17 септември 2024
Ристо Цицонков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Вoзнемирувачка иднина (3)

Дали ВИ е опасна? ВИ има потенцијал да биде опасна, но овие опасности може да се ублажат со спроведување на законски регулативи и со насочување на развојот на вештачката интелигенција со размислување насочено кон потребите на човекот.

Вечни хемикалии PFAS (Per- and Polyfluoroalkyl Substances)

Супстанциите пер- и полифлуороалкил (PFAS) се голема комплексна група на синтетички хемикалии кои се користат почнувајќи од 1950 година наваму. Овие хемикалии се користат во многу индустриски сектори и тоа за текстил, кожа и облека, градежништво и производи за домаќинство, електроника, противпожарни средства, преработка на храна, материјали за контакт со храна (тефлон), медицински производи, во автомобилската индустрија и др. PFAS се широко користени бидејќи имаат уникатни посакувани својства. На пример, тие се стабилни и при силно топлинско дејство. Молекулите на PFAS се состојат од атоми на јаглерод и флуор врзани во синџир. Бидејќи врската јаглерод-флуор е една од најсилните, овие хемикалии многу тешко се разградуваат во околината.

Забележано е дека PFAS ги загадува подземните и површинските води и почвата. Чистењето на загадените локации е технички тешко и скапо, речиси неизводливо. Доколку се продолжи со испуштањето на овие хемикалии тие ќе се акумулираат насекаде во околината, водата за пиење и храната.

Познато е дека одредени PFAS се акумулираат кај луѓето, животните и растенијата и предизвикуваат токсични ефекти кои се штетни за луѓето. Во групата PFAS припаѓа и TFA (трифлуороцетна киселина) која има негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Се смета дека ја оштетува плодноста и развојот на детето, се наоѓа во водата за пиење, дождот и крвта, што предизвикува тревога кај експертите.

TFA настанува со распаѓање на HFC гасовите кои се користат како работни флуиди во ладилните и клима уредите, а почнаа да се применуваат по донесувањето на Монтреалскиот протокол (1987 г.). Бидејќи тие имаат голем потенцијал на глобално загревање, во тек е нивна замена со уште понови работни флуиди, а тоа се HFO гасови како што е HFO-1234yz кој се става во најновите ладилни и клима уреди, а има и други намени. Но овој гас не е стабилен, лесно се распаѓа во атмосферата и се добива TFA.

 

Ако пиете вода, тоа значи дека внесувате многу TFA, каде и да сте во светот. Кина имаше 17-кратно зголемување на TFA во површинските води за една деценија, САД имаше шесткратно зголемување за 23 години. Откриено е дека TFA во дождовната вода во Германија се зголемила петпати за две децении. Ова е многу загрижувачки бидејќи TFA се акумулира секаде во вода од чешма, во храната што ја јадеме, растенијата, дрвјата, морето и сето тоа во изминатите неколку децении.

 

Идните генерации ќе имаат зголемени концентрации на TFA во крвта сé додека не се преземе некаква глобална акција. Акумулацијата на TFA во животната средина е неповратна, загадената вода и почва не можат да се вратат во првобитната состојба. Од друга страна, хемиските компании кои произведуваат HFO гасови не дозволуваат да се дознае вистината бидејќи се финансиски моќни. Повторно доаѓаме до заклучок дека капитализмот во сегашна форма не е одржливо уредување. Некои научници стравуваат дека ќе биде предоцна кога ќе дојде критичен момент за забрана за користење на PFAS.

Имам задоволство да ве информирам дека јас лично бев иницијатор и организатор на десет научни меѓународни конференции од 2005 до 2023 година во Охрид, а во рамките на International Institute of Refrigeration (Paris), на кои темата беше користење на природни флуиди во ладилни и клима уреди наместо вештачките HFC и HFO. На конференциите учестуваа врвни експерти од цел свет, а резултатите од трудовите допрва ќе добијат уште поголем публицитет.

Вештачка интелигенција (Artificial Intelligence AI)

Дефиниција за вештачка интелигенција (ВИ): ВИ претставува способност на компјутерски контролирана машина (робот) да извршува задачи и да имитира интелигенција на слично ниво како и луѓето (човечко учење, разбирање, решавање проблеми, одлучување, креативност и автономија). Подолу има неколку прашања и одговори значајни за иднината на ВИ.

– Дали ВИ е опасна? ВИ има потенцијал да биде опасна, но овие опасности може да се ублажат со спроведување на законски регулативи и со насочување на развојот на вештачката интелигенција со размислување насочено кон потребите на човекот.

– Дали ВИ е закана за иднината? ВИ веќе ги нарушува работните места и поставува безбедносни предизвици. Ако се остави без соодветна регулатива, може да се користи за злобни цели. Но, останува да се види како технологијата ќе продолжи да се развива понатаму и какви мерки може да преземат владите за да извршат поголема контрола врз производството и употребата на ВИ.

– Што ако ВИ стане самосвесна? Некои сугерираат дека самосвесната вештачка интелигенција може да стане корисна за луѓето во секојдневниот живот, додека други сугерираат дека може да дејствува надвор од човечката контрола и намерно да им наштети на луѓето.

ВИ е во почеток на развојот и затоа може само да се претпостават некои опасности, а тие би биле:

Губење на работно место поттикнато од автоматизација,

Ширење на лажни вести,

Прекршување на приватноста,

Пристрасност предизвикана од лоши податоци,

Социоекономска нееднаквост,

Нестабилност на пазарот,

Автоматизација на оружје,

Губење на човечкото влијание.

Други можни опасности што влијаат на вознемирувачка иднина

Нуклеарна војна

Нуклеарното оружје го има во сé поголем број на земји, а ако тоа се најде во рацете на некои екстремистички групи, состојбата може да излезе од контрола. Има информации дека голем број лица, претежно многу богати, градат специјални засолништа за заштита во случај на нуклеарна војна.

Нови типови на заразни болести

Пред неколку години веќе доживеавме пандемија на корона (ковид-19) и видовме колку големо влијание има на животот речиси во сите сфери. Ширење на познати и непознати заразни болести се можни и во иднина.

Последици од климатските промени

Има голем број на можни последици од кои некои претставуваат големи катастрофи во големи размери. Тоа се екстремно високи температури и топлински бранови, зголемена смртност на населението, големи долготрајни суши, шумски пожари, урагани, поплави итн.

Според мое мислење, потребен е радикален пресврт на уредувањето и начинот на живеење во светот. Сé додека пазарната економија, односно профитот има приоритет пред сите други работи, ќе се јавуваат разни кризи во денешното живеење. Од време на време јавноста го дига својот глас, се организираат разни протести, но сето тоа е далеку од потребната моќ за коренити промени.

Секоја личност си има свои индивидуални карактеристики во однос на физичката, здравствената и психичката состојба така што причините за вознемирувачката иднина кај луѓето делуваат различно, кај некои повеќе, кај други помалку, но кај голем процент од нив предизвикуваат и лична вознемиреност што се одразува во секојдневниот живот.

Д-р Ристо Цицонков,

редовен професор, Машински факултет – Скопје

Вознемирувачка иднина (1)

Вознемирувачка иднина (2)

КОЛУМНИ

Драган Даниловски

Oд јавно-здравствен аспект, седиме на „буре барут“!

Бранко Прља

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Самуел Колономос Садикарио

Историска комисија

Рајко Пеколски

Зaкон за смрт

Крис Патен

Наследството што го остави Сталин

Џорџ А. Дудос

Со одлуката на грчкиот суд дека нема македонски јазик…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ