Хутите ја преземаа одговорноста за нападот со балистички ракети, кои во неделата за првпат имаа дострел до централниот дел на Израел, и се заканија со нови напади.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот врз централен Израел им се закани на Хутите дека „скапо ќе платат“ за тој напад и изрази решителност да направи сè што може за населението евакуирано од тој регион да се врати дома.