сабота, 13 јули 2024

Возел велосипед низ Чаир, го погодил заскитан куршум

 На Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера со повреда од заталкано зрно од огнено оружје бил донесен триесет и пет годишен жител на Скопје, кој додека управувал велосипед на подрачјето на Чаир, почувствувал болка во грбот, по што бил пренесен во медицинската установа.

Објавено на

часот

Сподели

Случајот, како што информираат од МВР, бил пријавен вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ