Одлуката била донесена во очекување на предавањето на поранешниот претседател Доналд Трамп на властите.
Американското списание Њузвик пренесе дека окружните власти очекуваат Трамп, кој е обвинет дека планирал да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во Џорџија во 2020 година, да се појави во затвор во вечерните часови. Се вели дека ФАА вовела зона за забранети летови над затворот во округот Фултон од 18:45 до 21:00 часот по локално време.
BREAKING: Donald Trump’s legal team seen entering Fulton County, Georgia courthouse ahead of the Friday deadline for the former president to turn himself in, @ReporterBlayne reports. pic.twitter.com/TeW2nVpSun
— MSNBC (@MSNBC) August 21, 2023
Шеј Шрејдер, репортер на локалната телевизиска станица ВТОЦ од Џорџија, на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, објави дека причина за затворањето на воздушниот простор околу затворот е „движење на ВИП личности“.
Телевизиската станица Фокс 5 од Атланта наведува дека за време на предавањето на Трамп во затворот во округот Фултон ќе се случи нешто што не е видено во историјата на Америка, а тоа е дека поранешниот американски претседател по апсењето официјално ќе биде фотографиран како криминалец.
Трамп денеска преку својата социјална мрежа објавил порака која ја напишал само со големи букви.
„Никој никогаш не се борел за интегритетот на изборите повеќе од Доналд Трамп и јас гордо ќе бидам уапсен поради тоа“, изјави поранешниот шеф на Белата куќа. Се очекува Трамп да остане во затвор околу 90 минути, а ќе замине откако ќе плати кауција.
Трамп на почетокот на оваа недела рече дека ќе им се предаде на властите на Џорџија во четврток.
„Можете ли да верувате? Во четврток одам во Атланта, Џорџија да ме уапсат! напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Асошиејтед Прес објави дека кауцијата на Трамп била одредена на 200.000 долари, а договорот за кауција, потпишан од неговите адвокати и окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, ги поставува условите за негово ослободување, вклучително и забрани за заплашување на сведоци и попречување на правдата.