сабота, 13 јули 2024

Волстрит џурнал: Кина на Куба прави шпионска станица за прислушување на САД

Објавено на

часот

Сподели

Тоа, наведува американскиот весник, би му овозможило на Пекинг собирање електронска комуникација од југоисточните американски сојузни држави во кои се наоѓаат бројни американски воени бази, а би бил овозможен и надзор на поморскиот сообраќај.

Седиштето на Американската централна команда е во Тампа, на Флорида. Најголемата американска воена база, Форт Либерти, се наоѓа во Северна Каролина.

„Двете земји постигнале начелен договор, а Кина на Куба за отстапувањето на локацијата за шпионскиот објект би ѝ исплатила неколку милијарди долари“, пишува Волстрит џурнал.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби кажа дека не може да го коментира написот на Волстрит џурнал, но дека се свесни за напорите на Кина да вложи во воена инфраструктура низ светот, „вклучувајќи и на оваа хемисфера“.

Амбасадите на Кина и Куба во Вашингтон засега немаат коментар. Според американскиот весник, најновиот развој на настаните предизвикал тревога во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

„Заканата за Америка од Куба не е само реална, таа е полоша од тоа“, напиша на Твитер американскиот сенатор Марко Рубио. Оваа финансиска инјекција добро би ѝ дошла на Куба имајќи ги предвид успорената економија, недостигот од гориво, падот на земјоделското производство и продолжувањето на кризата во производниот сектор, фактори кои создаваат големо незадоволство кај жителите на островската земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ