понеделник, 21 октомври 2024

Волстрит џурнал: Израел ја одложува инвазијата на Газа за САД да можат да постават ПВО системи во регионот

Израел се сложил засега да ја одложи очекуваната инвазија на Газа, за Соединетите Американски Држави да можат да го забрзаат испраќањето системи за противвоздушна одбрана за заштита на американската војска во регионот, јави Волстрит џурнал, повикувајќи се на американски и израелски извори. Американски функционери засега го убедиле Израел да се воздржи додека американските противракетни системи не стигнат во регионот, подоцна оваа недела, пишува американскиот весник.

Објавено на

часот

Сподели

Израел во своето планирање наводно ги зема предвид настојувањата да се достави хуманитарна помош во Газа, како и дипломатските напори да се ослободат заложниците кои ги држи Хамас, пренесува весникот. Заканите кон американската војска се причина за голема загриженост, се наведува.

Вашингтон дава сè од себе за да испрати десетина системи за противвоздушна одбрана, главно за својата војска, во Ирак, Јордан, Кувајт, Саудиска Арабија, Сирија и Обединетите Арапски Емирати, објави Волстрит џурнал. Американската војска и други функционери веруваат дека милитантните групи ќе ги целат нивните сили во моментот кога Израел ќе ја почне копнената инвазија на палестинската територија.

Ројтерс јави дека Вашингтон го советувал Израел да го одложи копнениот напад на Појасот Газа и да го информира Катар, кој посредува со палестинските милиции, за тие преговори, имајќи предвид дека се труди да ослободи што е можно повеќе заложници и да се подготви за можна поширока регионална војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ