недела, 14 јули 2024

Војс оф Америка: Американската војска ги тренира Украинците уште од 2015 година (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новинарката на Војс оф Америка разговарала со тројца припадници на групата Гејтор, кои од почетокот биле вклучени во тој процес.

Американската војска ја обучува украинската уште од првиот руски напад на таа земја.

Обуката се спроведувала во база на западот на Украина, каде припадници на Националната гарда на САД ги подготвувале украинските војници од 2015 година.

Меѓутоа, на 12 февруари 2022 година, додека руските сили се собирале на украинската граница, американските војници добиле наредба да се евакуираат од Украина.

За помалку од 40 часа групата Гејтор станала минато. Десет дена подоцна Русија ја нападна Украина.

Меѓутоа, помалку од два месеци по почетокот на инвазијата, додека САД испраќаа опрема и оружје во Украина, американските инструктори добиле нова наредба – да смислат како да ги обучат Украинците да го користат сето тоа, веднаш.

Украинските војници стигнале на обука во Германија директно од бојното поле, со ќеси, можеби со резервна униформа и прибор за лична хигиена.

Тренингот во Германија бил проширен да вклучува и ХИМАРС мобилни ракетни лансери и повеќе од десет нови видови оружје, вклучувајќи хаубици М777. Почнале и часовите за одржување, за Украинците да можат да го поправаат своето ново оружје.

Откако мисијата на групата Гејтор завршила, обуката на Украинците ја презела следната група американски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ