сабота, 20 јули 2024

Војната во Газа повторно се разгорува: Израел нападна 400 цели, најмалку 240 лица загинаа

Објавено на

часот

Сподели

Хамас во соопштението додаде дека уште 650 лица се ранети во израелските воздушни, артилериски и поморски напади врз Појасот Газа.

Израелските сили најмногу го гаѓаа Кан Јунес во јужниот дел на Газа, каде што беа уништени десетици куќи, а луѓето во таа област беа убиени, додаде Хамас.

Израелската војска во соопштение наведе дека со борбени авиони „погодила“ повеќе од 50 цели во областа Кан Јунес.

„Војниците на израелските одбранбени сили погодија терористи и инфраструктурата на Хамас во областа Беит Лахија“, додаде израелската војска.

Артилеријата и воздушни напади беа насочени и кон северот на Појасот Газа, се додава во соопштението.

Цел на војската беа „терористичките ќелии“, џамијата што ја користеше Исламскиот џихад како команден центар и комплексот за складирање на оружје, се додава во соопштението.

Покрај тоа, инфраструктурата и опремата што ја користат поморските сили на Хамас беа цел на јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска.

Израел и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на еднонеделното примирје со кое се овозможи ослободување на стотици заложници во замена за ослободување на 240 палестински затвореници и забрзана испорака на хуманитарна помош за населението во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ