сабота, 19 октомври 2024

Војната ја зголемила потребата за лекови од канабис

Објавено на

часот

Сподели

„Во војна болката станува проблем на сите слоеви на населението“, вели за Политико активистот и основач на група која се залага за легализација на канабисот Канабис фридом марч Тарас Ратушни.

Законот кој има цел да создаде легална домашна индустрија на медицински канабис го помина првото читање во украинскиот парламент на 13 јули.

Според предложениот закон би бил воспоставен систем за лиценцирање на одгледувањето канабис и би им било овозможено на здравствените установи и претприемачите да купуваат, транспортираат, складираат и издаваат лекови на база на канабис.

Лекарите ќе можат да ги препишуваат.

Меѓутоа, според законот, канабисот е и понатаму забранет, што го отежнува истражувањето и развојот, а збунуваат правилата околу неговата употреба, пишува Политико.

Пратениците сега се трудат да го изменат законот пред неговото второ читање на есен.

Во Украина имаше безуспешен обид да се легализира канабисот во медицински цели во 2019, но војната смени сè.

„Денес во Украина има повеќе од два милиони луѓе на кои очајнички им се потребни лекови од канабис. Сфаќаме дека такви луѓе ќе има уште повеќе по завршувањето на војната, таквите лекови им се особено потребни на ранетите војници со ПТСН“, изјави претседателот на одборот за здравствена заштита во украинскиот парламент Михаил Радуцки.

Предлог законот, кој украинската влада го поднесе во јуни 2022, доби широка поддршка, меѓу другите од украинското министерство за здравство, државниот совет за безбедност и одбрана, украинскиот претседател Володимир Зеленски и над 40 украински онколози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ