петок, 25 октомври 2024

Војна на студентите со полицијата во Атина, гневни се поради новиот закон за образование (ВИДЕО)

Грчки студенти фрлаа Молотови коктели на полицијата, која одговори со солзавец, денес во центарот на Атина, неколку часа пред парламентот да го усвои законот со кој им се дозволува на странски приватни универзитет да отворат подружници во Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници студенти со недели мирно протестираат против образовната реформа за која тврдат дека ќе ја намали вредноста на дипломите стекнати на јавните универзитети, но некои повеќе не можеа да го зауздаат гневот откако премиерот Киријакос Мицотакис ги повика пратениците да го прифатат законот.

„Се плашам дека ако успееме да дипломираме, никаде нема да можеме да се вработиме“, вели 25-годишниот Стратос Кацелис. „Ниедно младо лице денес не може да ја планира иднината. Сè што гледаме се безизлезни ситуации“.

Мицотакис, кој минатата година во јуни доби втор мандат, кажа дека законот ќе помогне да се сопре егзодусот на десетици илјади грчки студенти кои заминуваат да студираат во странство, што претставува товар за економијата која уште се опоравува од десетгодишната финансиска криза.

Законот ќе помогне Грција да се усогласи со остатокот од Европската Унија и ќе поттикне конкурентност во високото образование, смета ток.

Студентите, поддржани од некои наставници и универзитетски работници, не се уверени во тоа. една група на протестот се одвои и фрлаше Молотови коктели на полицијата, која им возврати со солзавец.

Грција годишно троши меѓу 3 и 4 отсто од својот БДП на образованието, што е под просекот на ЕУ. Меѓутоа, Мицотакис кажа дека законот вклучува повеќе средства за државните универзитети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ