среда, 24 јули 2024
Центар за јавно здравје Куманово

Водата од чешмите во кумановско Проевце може да се пие

Минералната вода која истекува од чешмите во кумановско Проевце може да се консумира и е безбедна за пиење покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска лекарите од здравствената установа. Во однос на микробиолошкиот квалитет земените примероци од вода од минералната чешми од Проевце одговараат во однос на барањата за овој квалитет, потврдуваат испитувањата кои ги изврши Центарот за јавно здравје Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

„Редовно ја контролираме водата од малиот и големиот чеп. Горните не ги испитуваме и од нив не се препорачува да се користи водата за пиење, додека од долните, анализите редовно се добри и микробиолошката и физичко-хемиската анализа се исправни. Наша препорака е граѓаните да ја користат за пиење, но со одредени паузи, бидејќи спак станува збор за минерална вода. Потребно е организмот да се прочисти од консумација на минерална води“, изјави Бедри Велиу, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.

Според препораките на лекарите ако водата се консумира дваесетина дена потребна е кратка пауза од една недела. Кумановци при последното заматување на водата во браната масовно ја користеа водата од чешмите од Проевце. Некои граѓани со години ја пијат и велат дека е добра за повеќе заболувања.

Изворот се наоѓа на само три километри од Куманово. Кумановци, граѓани од соседните општини, како и државјани на соседна Србија секојдневно полнат вода од овие чешми.Центарот за јавно здравје ја испитува и водата од чепот кај локалитетот Визијана во Старо Нагоричане. И таму параметрите се добри.

Што се однесува до водата од селските чешми, таа постојано се контролира.

„Повремено имаме појава на микробиолошки несипрвана вода од селските чешми, редовно ги информираме жителите да не ја користат за пиење, што да преземат. Особено внимание посветуваме на училиштата во руралните средини и наша препорака е децата да си носат флаширана вода“, изјави д-р Велиу.

Во летната сезона се испитува и водата од реките во кумановско, особено на местата каде што има посетители кои се разладуваат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ