петок, 25 октомври 2024

Во затворот во Битола најдени марихуана, таблети, мобилни…

При претрес во затворот во Битола во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т. (32) од Прилеп, А.Ф. (32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ