Најмалку 25 лица загинаа во „терористички напад“ на училиште во западниот дел на Уганда, соопшти денеска локалната полиција.
„Досега 25 тела се извлечени од училиштето и префрлени во болница во градот Бвера“, додаде полицијата.
Нападот се случил во гратче во близина на границата со Демократска Република Конго.
Полицијата соопшти дека Вооружените демократски сили, група блиска до џихадистите на Исламската држава, нападнале средно училиште во близина на Бвера, каде што „интернатот бил запален и ограбена е продавница за храна“.
Во нападот се повредени осум лица тие се во критична состојба.
Војската и полицијата трагаат по напаѓачите кои се упатиле кон границата.
Таа вооружена група дојде во Уганда од Конго во 90-тите години и беше обвинета за убиство на неколку илјади цивили.