петок, 18 октомври 2024

Во Тетово отворена ревијална колективна изложба на уметнички дела „Зимски салон“

Здружението на ликовни уметници на Тетово вечерва во центарот за култура Иљо Антески-Смок одржа свечено отворање на ревијалната колективна изложба „Зимски салон“. На изложбата учествуваа членовите на Здружението но и уметници од други градови.

Објавено на

часот

Сподели

„На традиционалната ревијална колективна изложба ‘Зимски Салон 2023’ се изложени 48 уметнички дела од исто толку уметници. Делата се од областа на сликарство, графика, графички дизајн, дигитална фотографија и инсталации#, истакна Арбенита Мета, претседателка на Здружението на ликовно уметници.

Осврт на изложбата имаше универзитетскиот професор и уметник Арлинд Фаризи, кој во обраќањето пред присутните рече дека „Зимскиот салон 2023“ веќе се претвори во скромна институција за промоција на најостварените естетски вредности на уметности во последните години.

„Овие дела, експресивни, апстрактни и реалистични и од познати уметнички правци, на нови и стари генерации сликари, графичари, додавајќи овде и неколку мозаични и графички дела се претвораат во оригинален лајтмотив на нивната креативност како и во видливи и скриени тензии во композициските структури кои само талентираните знаат вешто да ги реализираат“, истакна Фаризи.

Додаде дека „Зимски салон 2023“ е сигурен знак дека пости генерација на сликари и графичари кои се своите оригинални дела се подготвени да се натпреваруваат на светските арени.

По повод изложбата издаден е и каталог во кој се објавени уметничките дела. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ