„Областа Јармук беше цел на воздушен напад во кој, според првичните проценки, загинаа 17 лица, меѓу кои пет деца, а 25 домови беа уништени“, се вели во објавата на Фејсбук на здравствените власти во Картум.
Во Судан од 15 април се води крвава војна од страна на армијата на генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагало.
Во конфликтот загинаа повеќе од 1.800 лица, а повеќе од еден и пол милион избегаа и беа раселени. Конфликтот продолжува да беснее и покрај потпишувањето на неколку прекини на огнот кои постојано се прекршуваат на терен. Во такви прилики, 102 тела беа погребани без идентификација на гробиштата Ал Шегилаб јужно од Картум и 78 во Дарфур.