Цивилите остануваат заробени во хуманитарната криза, а повеќе од еден милион луѓе се раселени поради судирите меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), објави Ројтерс.
Во земјата дојде до уривање на редот и законот, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за разбојништво.
Залихите на храна, готовина и основни потреби брзо се намалуваат.
Воздушните напади беа извршени во Омдурман и северниот дел на Бахри, кои се на спротивната страна на Нил од Картум, изјавија очевидци.
Според нив, ситуацијата во градот во моментов е релативно мирна, иако може да се слушнат спорадични истрели.
Според податоците на Светската здравствена организација, од почетокот на конфликтот на 15 април загинале 705 лица, а најмалку 5.287 се повредени.