сабота, 19 октомври 2024

Во среда, во Скопје четврти пат ќе се прска против ларви од комарци

Објавено на

часот

Сподели

„Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира во текот на истиот ден“, соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. 

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ