ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина.
Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција. Говорници на форумот ќе бидат реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави, наведуваат од ОМД.