сабота, 19 октомври 2024

Во Софија почна отстранувањето на споменик на советската армија: „Бугарија повторно ја бира погрешната страна на историјата“

Во Бугарија со силно полициско обезбедување почна демонтирањето на споменикот на советската армија кој се наоѓаше во Софија речиси 70 години и кој се смета за симбол на руското влијание во таа земја.

Објавено на

часот

Сподели

По неколку години дебата, работниците денес почнаа да ја демонтираат инсталацијата висока 45 метри, отстранувајќи ги фигурите на врвот на кои се прикажани советски војник со пушка, жена со дете и работник, пишува Асошиејтед прес.

Во последните години споменикот стана жариште на поделби меѓу проруските и прозападните групи на бугарското општество и често беше полеван со боја, главно жолта и сина, боите на украинското знаме.

Социјалистите и другите проруски групи во парламентот кои се противат на отстранувањето на споменикот соопштија дека ќе бараат референдум за ова прашање, како и дека „слични антифашистички споменици стојат нечепнати во други европски градови“.

Овие групи добија поддршка од Москва и портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека демонтирањето на споменикот би можело да доведе до влошување на односите на Русија и Бугарија.

„Уривањето на споменикот на нашето заедничко минато го сметаме за уште еден непријателски чекор на официјална Софија, кој дополнително го влошува застојот во билатералните односи. Бугарија повторно ја бира погрешната страна на историјата“, додаде Захарива.

Гувернерката на Софија Вјада Тодева кажа дека за 70 години споменикот никогаш не бил обновен и дека почнале да се појавуваат пукнатини на фигурите.

Се очекува демонтирањето да трае еден месец по што споменикот веројатно ќе биде префрлен во Музејот на социјалистичката уметност во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ