вторник, 22 октомври 2024

Во Скопје санкционирани 172 возачи, 28 за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупниот број изречени санкции 28 се за возење со брзина поголема од дозволената, 19 за управување возило без возачка дозвола, а 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Меѓу другите, изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на црвено светло, четири за непочитување на првенство на минување, како четири казни за непрописно престројување на возила. 

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се додава во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ