сабота, 19 октомври 2024

Во Сибир -50 степени, Москва е затрупана од рекорден снег за овој период од годината (ВИДЕО)

Температурите во делови од Сибир паднаа до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните бури ја затрупаа Москва со рекордни снежни врнежи и многу летови доцнеле или биле одложени. Во Република Јакутија, која се наоѓа во североисточниот дел на Сибир и е дом на Јакутск, еден од најстудените градови во светот, температурите паднаа под минус 50 степени Целзиусови, покажуваат метеоролошките станици во регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Поради невообичаеното рано заладување, температурите се дури и пониски од минус 50 степени Целзиусови во неколку области на Јакутија, огромен регион само малку помал од Индија. Речиси цела Јакутија е во зоната на вечниот мраз. Во главниот град на регионот Јакутск, кој се наоѓа на околу 5.000 километри источно од Москва, температурата била околу минус 44 степени до минус 48 степени Целзиусови.

Температурите од минус 50 Целзиусови степени станаа поретки во последниве години поради климатските промени, а вечниот мраз покажува сè поголеми знаци на одмрзнување. Во руската престолнина, некои од најобилните снежни врнежи некогаш забележани предизвикаа задоцнувања во некои аеродроми во понеделникот, при што пистите биле покриени со дебел снег.

Најмалку 54 летови биле одложени, а уште пет откажани во трите најголеми аеродроми во главниот град, јави новинската агенција РИА. Се предвидува дека температурите во Москва ќе се спуштат до околу минус 18 Целзиусови степени кон крајот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ