петок, 25 октомври 2024

Во Шпанија уапсен еден од најопасните бегалци во Европа, лидер на српски криминален клан (ВИДЕО)

Шпанската национална полиција во соработка со Европол и шест други европски партнери уапсиле двајца високорангирани припадници на озлогласениот српски „Врачарски клан“, со што е разбиена клучна фракција на наведената група.

Фото: Шпанска полиција

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на кланот бил уапсен во Барселона на 18 октомври по што следело апсењето на неговата десна рака на 22 октомври. Двајцата биле барани поради обвинувања кои вклучуваат убиство, обид за убиство и киднапирање во Србија, Австрија, Германија и Шпанија.

Лидерот на кланот се сметал за еден од најбараните и најопасни бегалци во Европа.ќ„Во Барселона на 18 октомври е уапсен лидерот на српскиот клан Никола Вушовиќ, познат под прекарот „Луди Џони“, а потоа бил приведен и неговиот човек од доверба Никола Филиповиќ“, соопшти шпанската полиција.

„Врачарскиот клан“ е подружница на „Кавачкиот клан“ и од 2014 година војува со ривалскиот „Шкаљарски клан“, што досега однело повеќе од 60 животи. Судирот почнал по заплена на голема пратка кокаин во пристаништето во Валенсија. Европол одиграл клучна улога во операцијата фокусирајќи се на развојот на разузнавачките податоци и оперативната поддршка.

Минатиот месец Европол со поддршка од Европската мрежа на тимови за активно барање бегалци (ЕНФАСТ) го координирал постапувањето на телото за спроведување на законите од Австрија, Германија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, што на крајот довело до апсењето.

На двајцата осомничени сега им се заканува екстрадиција и се очекува да бидат кривично гонети поради вмешаност во неколку убиства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ