„Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, добиле тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај“, информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.
Тој информира дека на местото на несреќниот случај биле присутни и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.