сабота, 19 октомври 2024

Во Сарај отворена поликлиника за 45 илјади граѓани

Денеска, откако говори одржаа премиерот, првиот вицепремиер, министерот за здравство, градоначалникот и директори, отворена е поликлиника во Сарај, што ќе опслужува над 45 илјади жители. Инвестицијата, како што е кажано, е во вредност од 79 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесетина населени места, меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други. Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров.

Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија. Покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија.

Во говорите на политичарите беше кажано дека станува збор за заеднички успех на Владата и локалната самоуправа.

Од Алтернатива реагираат дека поликлинката во Сарај е готова за употреба веќе една година, но не се oтворала од политички причини, а дека за неа е заслужен поранешниот министер за здравство од нивните редови.

Граѓаните од тој регион на Скопје секако повеќе од изјавите на политичарите ги интересира да имаат квалитетна здраствена заштита.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ