Не е јасно колку гориво се излеа во реката Лена, но едниот танкер, кој претрпе значителна штета, превезувал 138 метрички тони бензин, рече Кобзев. Гувернерот рече дека според прелиминарните информации, 60 до 90 тони гориво може се излеале во реката, која е 11-та најдолга во светот.
„Во моментов нафтената дамка помина низ населени места“, изјави Кобзев по оперативниот состанок. „Ситуацијата се усложнува поради тоа што реката е пловна. Покрај тоа, низводно има населени места“. Прес-службата на регионалната влада соопшти дека капетанот на еден од бродовите бил пијан, јави руската државна новинска агенција Тасс.
? Drunk captain provoked an environmental disaster in Irkutsk
▪️Yesterday, two tankers collided on the Lena River, one of which was carrying gasoline. About 130 tons of fuel spilled into the river due to the collision pic.twitter.com/1JBz6rqBD6
— F16forUkraine?????????????NAFOFellas (@F16forUKRAINE) June 13, 2023
Кобзев изјави и дека медицинските тестови покажале дека капетанот бил пијан. „Според источносибирскиот транспортен обвинител Денис Евгениевич Авдеев, со бродот Јерофеј Кабаров управувал помошник на капетанот. Како што покажа лекарскиот преглед, капетанот бил пијан“, рече тој.
„Се разбира, овој факт бара правна проценка“, рече гувернерот, додавајќи дека за инцидентот е отворена кривична постапка и дека бродовите се проверуваат и членовите на екипажот се сослушани.