петок, 18 октомври 2024

Во Прилеп премиерно прикажан документарниот филм „Јанѕа“ за Блаже Конески

Во Прилеп синоќа премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Јанѕа“,  по сценарио и во режија на Никола Т. Калајџиски. Документарниот филм е за Блаже Конески, а е снимен според мотивите на „Дневник по многу години“ на самиот Конески.

Објавено на

часот

Сподели

„Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик Блаже Конески.

Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за Македонија се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто, научници и истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, како и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на Конески. 

Овој најнов филм на документаристот Калајџиски, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да даде нова светлина врз ликот и делото на Конески. „Јанѕа“ опфаќа и димензии на неговата личност и малку познати сегменти од неговата биографија.

Филмот е во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звукот е Дарко Спасовски. Директори на фотографијата се Дејан Димески и Петар Кочишки. 

Документарниот филм „Јанѕа“ е сo поддршка од Агенцијата за филм. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ