вторник, 22 октомври 2024

Во пожар во рудник во Казахстан загинаа најмалку 32 рудари

Најмалку 32 рудари загинале, судбината на 14 рудари сѐ уште не е позната по пожарот во рудникот со кој раководи француската компанија Арселор Митал во Казахстан, соопштија властите нов биланс од несреќата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рудникот Костенко беа пронајдени телата на 32 лица, потрагата по уште 14 рудари продолжува“, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Регионалните власти синоќа известија дека избувнал пожар во рудникот Костенко, недалеку од градот Караганда.

Подружница на компанијата Арселор Митал, светскиот гигант за производство и трговија со челик, претходно објави дека во рудникот во моментот на пожарот имало 252 рудари, и дека излегле 208 од нив.

Ова е најтешката несреќа во рудник во Казахстан од 2006 година, кога 41 рудар ги загубија животите исто во рудникот Арселор Митал, и втората фатална несреќа во рудник на таа компанија во последните два месеци, по загинувањето на петмина рудари во средината на август.

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска нареди прекин на инвестициската соработка со Арселор Митал.

„Владата доби наредба да ја прекине соработката поврзана со инвестициите со Арселор Митал Темирату“, се вели во изјавата на шефот на државата веднаш по објавувањето на несреќата.

Казахстанската влада набрзо преку Телеграм објави дека во тек се активности за враќање на контролата врз компанијата во име на Република Казахстан и дека не преговара со други странски инвеститори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ