сабота, 19 октомври 2024

Во поплавите околу Пекинг 20 лица загинале, 27 се водат како исчезнати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поради силните дождови властите го сопреа железничкиот сообраќај и ги евакуираа жителите од загрозените области.

Голем број куќи се поплавени, патиштата се блокирани, а водата носела автомобили со себе.

Нивото на врнежите е многу невообичаено за Пекинг, кој обично има умерена, сува клима.

Сезонските поплави секое лето го погодуваат југот на Кина. Меѓутоа, некои северни региони оваа година пријавија најлоши поплави во последните 50 години.

На почетокот на јули најмалку 15 лица загинаа во поплавите во југозападниот регион Чонгкинг, додека 5.590 жители на провинцијата Лијаонинг на северозападот мораа да бидат евакуирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ