сабота, 19 октомври 2024

Во полска шума најдени остатоци од неидентификуван воен објект, најверојатно станува збор за ракета воздух-земја

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата не ја загрозува безбедноста на жителите. Местото на откритието го истражуваат полски офицери и воената полиција“, објави полското министерство а пренесува Ројтерс.

Военото обвинителство истражува нешто што министерот за правда Збигњев Зјобро на Твитер го опиша како „остатоци од воен објект од воздух“ во шума неколку километри од Бидгошч.

Остатоците од воениот објект се најдени во северна Полска во близина на градот Бигошч, соопштија денес полското министерство за одбрана и министерот за правосудство, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за откритие на некаков воен објект во таа област.

Не беше веднаш јасно што е предметот, од каде дошол или колку долго е таму. Министерот за правда кажа дека бил најден во шума.

„Воениот оддел на окружното обвинителство во Гдањск, под надзор на канцеларијата на националното обвинителство, почна постапка во врска со остатоците од воздушниот воен објект најден во шума неколку километри од Бидгошч“, кажа Зјобро на Твитер.

„Ситуацијата не ја загрозува безбедноста на жителите. Локацијата се истражува“ од полски офицери и воената полиција, соопшти министерството.

Областа во која е најден објектот е стотици километри од границата на Полска со Украина, Белорусија и руската ексклава Калининград.

Ројтерс додава дека објектот најверојатно е проектил воздух-земја голем неколку метри, без боева глава, повикувајќи се на неименувани извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ