вторник, 22 октомври 2024

Во подрум во Чаир пронајдена автоматска пушка

Ш.К. (58) од Скопје пријавил во полиција дека во подрумска просторија во негова сопственост во скопската населба Чаир пронашол торба во која имало пушка со неколку рамки.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, при што било утврдено дека во торбата има една автоматска пушка, три рамки од автоматска пушка, 143 долги зрна, 21 кратко зрно. Извршен бил увид од увидна екипа, а пронајдените предмети се предадени за понатамошна постапка, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ