понеделник, 21 октомври 2024

Во Париз уапсен брачен пар од Молдавија, цртал Давидови ѕвезди на еврејски куќи

Во Париз е уапсен брачен пар затоа што цртал Давидови ѕвезди на куќи во сопственост на Евреи ноќта меѓу вторникот кон средата. Неименуваниот пар (33-годишен маж и 29-годишна жена) доаѓа од Молдавија.

Објавено на

часот

Сподели

Тие биле уапсени откако сведоци ги виделе како го цртаат симболот на јудаизмот на ѕидовите на зградите каде што живеат Евреи или каде што се наоѓаат еврејски организации. Парот е во притвор, а француските власти ќе одлучат дали ќе ги депортираат.

Во последниве денови, графити со Давидовите ѕвезди осамнаа низ Париз, во екот на антисемитски инциденти, за кои француските политички лидери велат дека ги потсетуваат на 1930-тите.

Околу 60 Давидови ѕвезди беа нацртани на ѕидовите на куќите во 14-тиот арондисман на Париз на почетокот на неделата, јави Би-би-си, кој наведува дека Франција се бори со нагло зголемување на антисемитските инциденти.

Повеќе од 850 вакви инциденти се пријавени во Франција откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Париските власти најавија дека ќе покренат истрага за оштетување на имот со расистички намери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ