сабота, 19 октомври 2024

Во Општина Аеродром доделени признанија за најдобрите наставници

Во Општина Аеродром денеска се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година. Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите.
 

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром.

н

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна упати благодарност и се заблагадари за придонесот на наставниците од основните училишта „Гоце Делчев“ – Јасмина Ѓорѓевска, „Блаже Конески“ – Јоана Николиќ, „Ѓорѓија Пулевски“ – Љубинка Стојановска, „Димитар Македонски“ – Оливија Жежова, „Александар Македонски“ – Михајло Христов, „Браќа Миладиновци“ – Жаклина Ристовска, „Лазо Ангеловски“ – Костадинка Поповска и „Љубен Лапе“ – Жанета Дивјаковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ